Слични Понуди

Програма

1
1.Ден 29.12.2019 (Недела)
    Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2
2.Ден 30.12.2019 (Понеделник)
    Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови, краток панорамски разглед па продолжување кон Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Вечерта слободно време за забава на плоштад каде секоја година има организирана музичка програма, или во некој од ноќните клубови, ресторани итн. Ноќевање.
3
3.Ден 31.12.2019 (Вторник)
    Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска.Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА на плоштад заедно. Ноќевање.
4
4.Ден 01.01.2020 (Среда)
    Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот, или факултативно организирано крстарење по заливот Бока Которска и островчето Госпа од Шкрпјела каде се прави посета на црквата која се наоѓа на самото островче, и посета и краток разлед на градчето Пераст. Враќање во Котор и слободно време и за патниците кои биле на крстарењето. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest