Кралството Мароко се наоѓа на северозападниот дел на африканскиот континент, во регионот познат како Магреб, на бреговите на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Мароко станала независна монархија во 1956 година, а една година подоцна султанот Мухамед се прогласил за крал. Земја со богата историја, од која исламистичките војски тргнале да го освојат Иберскиот Полуостров, каде античките Берберски народи се мешале со Арапски и Француски новодојденци. Во Мароко се и империјалните градови Фез, Мекнес, Маракеш и Рабат, со различни бои и архитектура, како и различноста на нивните жители . Постојат различни бои низ целото кралство, полни со прекрасни сцени и волшебни приказни. Ако сè уште има земја во современиот свет од бајките на Шехерезада, тоа е секако Мароко. Најголемиот град Казабланка и Тангиер исто така магично го привлекуваат вниманието на многу туристи кои ја посетуваат оваа земја. Патување во земјата од бајките што го воодушевува секој посетител.
ХОТЕЛ 4 * |
ПЕРИОД на ПАТУВАЊЕ |
30.12.2019 - 06.01.2020 |
ПЕРИОД на ПРЕСТОЈ |
30.12.2019 - 05.01.2020 |
|
УСЛУГИ |
5 НВ + 1 ВВ |
|
НОЌЕВАЊЕ / ДЕНОВИ |
6 Н / 8 Д |
|
Цена по лице во 1/2 соба за резервации до: 28.10.2019 |
1275 € / 79.050мкд |
|
Цена по лице во 1/2 Соба |
1395 € / 86.490мкд |
|
Попуст за трето возрасно лице |
-50 € / -3100мкд |
|
Доплатаза 1/1 Соба |
150€ /9.300 мкд |
Забелешки:
• Минимален број на патници набаза на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.