Слични Понуди

Програма

1
1 ден (20.12.2019 - петок) | Скопје - Будимпешта
    Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe, во 13:05 часот. Полетување кон Будимпешта во 15:05 часот. Слетување во Будимпешта во 16:30 часот. Организиран трасфер до хотелот и сместување. Слободно време или организирани прошетки со пратителот на групата. Ноќевање.
2
2 ден (21.12.2019 - сабота) | Будимпешта
    Појадок во хотел. По појадокот следува пешачки разглед на градот, а по истиот и можност за факултативна посета на ЗОО во Будимпешта. Во вечерните часови слободно време за да се доживее неповторливата Божиќна атмосфера на некој од многубројните плоштади во градот, во комбинација со скара, греано вино, традиционален гулаш и ред други специјалитети. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден (22.12.2019 - недела) | Будимпешта - Szechenyi thermal bath
    Појадок во хотел. По возбудливата ноќ Ви предлагаме можност за релаксација и опуштање во една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath (факултативно). Лоцирана во близина на најпосетениот плоштад, плоштадот на Хероите, веднаш до најголемиот Градски Парк. Изградена во временскиот период помеѓу 1909 и 1913 година, во Нео - Барокен и Нео - Ренесансен стил, дизајн целосно креиран од страна на Győző Czigler. Оваа термална бања денес е една од најголемите туристички атракции во Будимпешта, каде во неа може да доживеете и поминете едно реласкирачко утро, забавно попладне или пак симпатична и романтична ноќ. Величественоста на Szechenyi thermal bath зборува доволно за истата. Овде може да уживате во извонредните медицински природни термални води со температури од 74 °C и 77 °C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27 °C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33 °C и базен кој содржи минерални води со температура од 38 °C), како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Слободно време за ноќна забава. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден (23.12.2019 - понеделник) | Будимпешта - Скопје
    Појадок во хотел. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:15 часот. Пристигнување во Скопје во 14:35 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest