Истанбул

Волшебен град  со светлина кој ќе Ви ги преплавува сите сетила, град кој никогаш не спие, улици полни со весели луѓе, шаренило од бои и мириси, местото на кое се состануваат Европа и Азија...

ТЕРМИН: 29.12.2019-02.01.2020

Цена на аранжман во 1/2 соба 110€  по лице

Цена на аранжман во 1/3 соба 95€ по лице

Општи напомени:

·  Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

·  Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

·  Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

·  За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 47 патника;

·  За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум  6месеци по завршувањето на аранжманот,

·  Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

·  Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

·  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите и на помал број пријавени лица;

·  За време на разгледите на локалитетите не се предвидени посети на внатрешноста на, институции или културни споменициза  кој што е наведено во самата програма;

·  Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во  програмата;

·  Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница,  застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

·  Програмата ке биде во целост реализирана, но може да трпи промена на временски посети или промени на поединости

 

НАПОМЕНА:

Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на лет према времето на полетување.

 

  За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Камелија Турс

Програма

1
1.ден СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ
    Состанок на групата и поаѓање во 18:30 часот пред Дрво Декор. Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2.ден ИСТАНБУЛ (Аја Софија - Топ Капи)
    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.Разглед на Истанбул со локален водич. Посета на Хиподромот (некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад), Сината Џамија (изградена во XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура, еинствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), (однадвор) Аја Софија (или Црква на Светата мудрост-најубав пример на византиската уметност, градена за време на Византискиот цар Јустинијан. Со освојувањето на градот-Мехмед Освојувачот бил толку имресиониран од цркавата што ја претвара во џамија и останува така се додека не е претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Посета на паркот Gulhane, се продолжуваа кон Палатата Топ Капи (однадвор) - каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед. При главниот влез од десната страна се наоѓа Црквата Света Ирина(однадвор) -единствена Црква во Истанбул никогаш непретворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, вистински град во град каде гужвите се големи за влез во ризницата во која се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот.
    Сместување во хотел Hotel Marina City 3* во областа Лалели. Слободно време за одмор, Факултативна вечера во некој од турските ресторани или факултативно посета на Капали Чаршија. Ноќевање.
3
3.ден ИСТАНБУЛ (Босфор)
    Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или за факултативно Крстарење со брод по Босфор : од каде што ќе имате поглед кон тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата. Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган, Долма Бахче и останатите палатите од Турските ТВ серии.Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
    Вечерта ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА на Плоштадот Taksim или факултативно организиран дочек во ресторан со музика или дискотека . Ноќевање
4
4.Ден ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на хотелот околу 10:00 часот (локално време). Посета на нај големиот трговски центар во Европа - FORUM. каде ќе имате слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање кон Северна Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.
5
5.Ден СКОПЈЕ
    Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Видео

Цената покрива:

Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
2 ноќевања со појадок во Hotel Marina City 3* (област Лалели)
Посета на Хиподромот (без влезница)со локален водич;
Превоз на наведената релација со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
посета на Сината Џамија со локален водич;
Посета на трговскиот центар Forum

Цената Не покрива?

  • Крстарење со брод по Босфор - 20€;
  • посета на Аја Софија (влезница, сет слушалки, локален водич) - 20€
  • посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) - 18€;
  • Дискотека на 31.12.2019- наскоро
  • Свечена вечера во ресторан на 31.12.2019 - наскоро;
  • Патничко – здраствено осигурување 5 €
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса

Pin It on Pinterest