Златибор-Хотел Мона 4*

Златибор е планина а воедно и природен парк кој се наоѓа во Србија и истиот има површина од 1000 километри квадратни. Златибор е познато летувалиште и место за зимување како и за одмор во секој период од годината. Златибор се наоѓа во северниот дел од областа Стари Влах. Златибор по се е најактуелна и најатрактивна планина во Србија. Тешко кој може да му одолее на Златибор. Еднаш кога ќе го посетите неговата убавина ќе ве натера повторно и повторно да му се враќате. 

Термин 06.12.-09.12.2019

Цена на аранжманот: 155

·Агенцијата овозможува плаќање од 0-36 рати без камата

НАПОМЕНИ:

*Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

*Цената е пресметана на минимум 45 особи

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари

*Пасошот треба да важи минимум 3  месеци по завршување на патувањето и можност за патување со лична карта

*Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со лиценца-А членка на СКТМ

Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

*Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на цената на аранжманот поради покачување на цената  поради повеќе причини

 

Слични Понуди

Програма

1
Скопје - Златибор
    Состанок на патниците на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 04:30 часот. Заминување за Златибор во 05:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Патот продолжува кон Златибор. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во Хотел Мона 4*. Време предвидено за индивидуални активности и можност за уживање во природните убавини кои ги нуди планинската снежна кралица на Србија. Ноќевање.
2
Златибор–Дрвенград
    Појадок. По појадокот факултативно заминување во посета на Дрвенград, едно од најпознатите етно села во Србија (изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“). Дрвенград полека прераснува во мал град, кое станува вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки, чија архитектура дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметноста, куќарка – слаткарница, во која можете да уживате во домашно припремени слатка, кино сала, ресторан, црква… Древен град е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој се организира во селото секоја година. Идеата на Кустурица, е всушност враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Кратка пауза, за индивидулани прошетки до заминување кон Вишеград и мостот на реката Дрина. Мостот изграден во 16.век, опишан во истоименото дело на нобеловецот Иво Андриќ, е впишан во листата на светското културно наследство на UNESCO. Тука во непосредна близина, Емир Кустурица го гради своето второ ремек дело – Камен град, во кој ќе се снима и филмот “На мостовите на реката Дрина”. Камен град се очекува да биде завршен кон почетокот на 2014 год. Слободно време, до враќање во Златибор во попладневните часови. Ноќевање.
3
Златибор - Сирогојно
    Појадок. Факултативно претпладневен излет до Сирогојно – место познато и како музеј под отворено небо. Во ова надалеку познато место, можат да се видат мајсторски изградените домаќинства, во кои автентично е претставен духот на старото српско село. Во Сирогојно, исто така може да си купите. прекрасни – рачно изработени волнени ткаенини, како разновидни џемпери, капи, шалеви… Попатна посета на пештерата.Враќање кон хотелот во попладневните часови. Навечер факултативна посета на национален ресторан со вечера и специјалитети од српската кујна. Ноќевање.
4
Златибор - Скопје
    Појадок. По појадокот одјава од хотело. Слободно време за индивидуални активности . Заминување кон Северна Македонија . Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Сместување во Хотел Мона, Златибор, 4 дена / 3 ноќи на база ноќевање со појадок (3 ВВ) https://www.monazlatibor.com/
Wellnes и фитнес услуги
Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобус
Деца до 12 години – бесплатно
Целодневен програма-забава за деца

Цената Не покрива?

  • Осигурување 5 € (до 64 години)
  • Туристичка такса
  • Факултативна посета на Дрвенград (Етно село на Емир Костурица) 15€
  • Факултативна посета на Сирогојно 10 €
  • Факулттивна посета на Стопича пештера 10€
  • Доплата за Вечера: 25 € за возрасни; 12,5 € за деца 2-12 години

Pin It on Pinterest