Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.
Цената на аранжманот изнесува: 10.800,00 денари
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Напомена: Рок на пријавување до 14.12.2019 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно Новогодишно патување.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Камелија Турс