Слични Понуди

Програма

1
1 ден 11.10.2019 СКОПЈЕ-ПАЛИЧ
    Поаѓање на групата од пред Дрво Декор во 01 часот со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царинска контрола .Во предпладневните часови пристигнување во МАЈКИН и ЦВЕТЕН САЛАШ. Сместување во салаш, краток одмор и посета на убавините на двата салаша.Во попладневните часови,факултативна посета и разглед на винаријата на Ѕвонко Богдан. а во вечерните часови слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме прошетка покрај шеталиштето на Паличко езеро. Ноќевање.
2
2 ден 12.10.2019 ПАЛИЧКО ЕЗЕРО-СУБОТИЦА
    Појадок. Појадокот на база шведска маса приготвена со локални специјалитети од нивната традиционална кујна. По појадокот одиме кон Суботица и разглед на градот. Слободно време за шетање и одмор. Се упатуваме кон Нови Сад.Сместување во хотел и заминување кон разглед на градот. Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Во вечерните часови слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3
3 ден 13.10.2019 НОВИ САД-СРЕМСКО КАРЛОВЦИ -СКОПЈЕ
    Појадок По појадокот заминуваме на факултативна прошетка до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во доцните вечерните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest