Москва и Санкт Петербург

Санкт Петербург - Не случајно овој град важи за еден од најубавите градови во светот. Сите епитети со кој располага Санкт Петербург допринесуваат за едно незаборавно патување. Уметноста, раскошната архитектура, ноќниот живот, историјата и богатите културни традиции кои биле инспирација и поттик за едни од најголемите дела на современата литература, музика и визуелна уметност, се само дел од причините зашто Би го посетиле овој фантастичен град кој никого не остава рамнодушен.

Москва - Ако Санкт Петербург е Руската царска круна, тогаш Москва е нејзиното фамилијарно срце. Градот каде советското минато се судира со капиталистичката иднина. Мавзолејот на Ленин стои недопрен, но како што расте новата Москва, секое движење кон иднина ќе биде означено со силна благодарност кон богатото и разновидно наследство на градот. Старите катедрали се реставрирани и отворени за верски обреди, иновативните театри го враќаат лидерство во уметноста, а традиционалните пазари се враќаат во живот. Москва само ја потврдува својата позиција како главен и град на древната држава Русија.

Слични Понуди

Програма

1
17. Октомври (Четврток) СКОПЈЕ - ВИЕНА - МОСКВА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:00 часот. Полетување во 04:30 преку Виена и пристигнување во Москва во 13:45 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Организиран панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.
2
18. Октомври (Петок) МОСКВА - КРЕМЉ
    Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” а потоаслободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад.Ноќевање.
3
19. Октомври (Сабота) МОСКВА– СЕРГИЕВ ПОСАД
    Појадок.Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање.
4
20. Октомври (Недела) МОСКВА - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
    Појадок. Трансфер до железничката станица Ленинградски вогзал и организиран превоз до Санкт Петербург со модерен брз воз Сапсан(4 часа). Сместување во хотелот. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.
5
21. Октонври (Понеделник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЦАРСКО СЕЛО
    Појадок. Препорачуваме прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.
6
22. Октомври (Вторник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ПЕТЕРГОФ
    Појадок. Факултативна прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Враќање во хотелот во попладневните часови. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.
7
23. Октомври (Среда) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ – ВИЕНА - СКОПЈЕ
    Појадок. Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо... Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје преку Виена во 14:20 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

Цената покрива:

Авионски превоз на релацијата Скопје – Виена – Москва и Санкт Петербург – Виена – Скопје со вклучени аеродромски такси
Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот
Рачен багаж (ташна и 1 торба/куфер со вкупни димензии 115 см до 8 кг)
Туристичка виза на Руската Федерација
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург
Сместување во Хотел 3/4* во Санкт Петербург на база 3 ноќевања со појадок
Трансфер во Санкт Петербург од хотелот до аеродромот
Сместување во Хотел 3/4* во Москва на база 3 ноќевања со појадок
Превоз со брз воз од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до железничките станици

Цената Не покрива?

  • Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg 3.100 денари
  • Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич
  • Кремљ 50 евра, Сергиев Посад 35 евра, Крстарење со брод по реката Москва
  • Ермитаж 35 евра, Петродворец Петергоф 45 евра, Царско Село Пушкин 50 евра
  • Крстарење со брод по реката Нева
  • Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување 350 денари

Pin It on Pinterest