Атина

Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка.За историјата на човештвото е значајна, бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Град на историја но и престолнина за добар провод. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудимеможноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен. 

 

*  Организатор на аранжманот е Т.А. Камелија Турс;

*   Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

*   За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40  патника;

*   За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;

*   Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

*   Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

*  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

*  За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

*  Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

*  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

Програма

1
1 Ден Скопје - Атина
    Состанок на групата во 19:30 часот, поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 Ден Атина
    Пристигнување во утринските часови во Атина-центар на културата и уметноста во период кога повеќето европски градови не постојат. Факултативен панорамски разглед: Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – каде се одржани првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, градските плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува со посета на бисерите на Атина - древниот Акропол со храмовите посветени на Божицата Ника-Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.
3
3 Ден Атина - Пелопонез - Атина
    Појадок во хотел. Факултативен излет на Пелопонез, областа Арголида и посета на: Коринтскиот канал ( ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (поранешна престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Потоа време за одмор со можност за ручек во локална таверна, можност за посета на работилница - за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4
4 Ден Атина - Пиреја - Сунион - Глифада
    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Факултативен полудневен излет до Пиреја - најголемото пристаниште во Грција, на западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров - р`тот Сунион, на кој се наоѓаат остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање во Атина, застанување во Глифада. Заминување кон Скопје со попатни паузи.
5
5 Ден Скопје
    Пристигнување во Северна Македонија во утринските часови.

Цената покрива:

Пратител од агенцијата за време на целото патување и организација и водство од страна на агенцијата ;
Хотелско сместување во 1/2 соби во Атина на база 2 ноќевања со појадок;
Превоз со автобус на наведената релација;

Цената Не покрива?

  • Разглед на Атина со локален туристички водич во центар - 15 €;
  • Полудневен излет до Пиреја - Сунион - Глифада - 20 €;
  • Факултативен излет на Пелопонез (35 €), не се вклучени влезници за театрот во Епидариус и Микена;
  • Вечера во таверна - 35 €;
  • Патничко осигурување.

Pin It on Pinterest