Нови Сад

 Нови Сад  позициониран на Дунав, со тврдина од 17 век, се наоѓа во близина на Фрушка Гора со 17 културни и историски манастири, со салаши во непосредна близина,бројни музеи, престижен Нови Сад и како домаќин на многубројниот светски познати фестивали и настани, градот Нови Сад ги има сите неопходни разновидни понуди неопходни за модерен туристички центар.

Факултативи:

*Агенцијата не сноси одговорност за промена на цената на билетите за факултативните посети иистите зависат од слободните термини на локалитетите како и од бројот на пријавени патници;

* Термините на факултативните посети се променливи

* Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата по избор!

 НАПОМЕНИ:

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Цената е пресметана на минимум 45 особи

Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3  месеци по завршување на патувањето

Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс -Туроператор со лицена -А членка на СКТМ

 

Програма

1
СКОПЈЕ-НОВИ САД
    Состанок на групата и заминување за Нови Сад во 23:00 часот од Дрво Декор. Возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2
НОВИ САД
    Појадок. Пристигнување во пред пладневните часови во Нови Сад. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за индивидуални активности .Ноќевање.
3
НОВИ САД -ФРУШКА ГОРА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
    Појадок. По појадокот заминуваме на факултативна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки..Ноќевање
4
НОВИ САД-БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминуваме кон Македонија со попатна посета на Белград. Слободно време за индивидуални прошетки... предлагаме прошетка по Калемегдан, најубавиот и најголем Белградски парк, централниот плоштад Теразије и секако прошетка низ прочуената Белградска улица Кнез Михајлова. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Скопје.Пристигнување во доцните вечерни часови.

Видео

Цената покрива:

Организација и реализација на програма и услуги на туристички водич
Разглед на градот
Сместување во Нови Сад - 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*
Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)

Цената Не покрива?

  • Факултативна посета на Фрушка Гора и Сремски Карловци 10 €
  • Влезници за културно-историски споменици споменати во програмата
  • Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
  • Патничко осигурување 5 € (до 64 год)
  • Туристичка такса
  • Доплата за 1/1 соба

Pin It on Pinterest