Индија Дивали Фестивал

Ве водиме до една авантура во најинтересните градови во Индија за време на Дивали фестивалот на светлината кој се прославува три дена крај на октомври или почеток на ноември, а секој град или село блеска со илјадници светилки запалени да ги истераат лошите духови. Дури и животните се искапени и чисти, украсени за фестивалот. Фестивалот Дивали представува почеток на индиската Нова Година и се слави низ цела Индија. Тоа е најголемиот настан во индискиот календар и се слави со големи огномети, безброј свеќи и факели.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

* Република Индија е седма по големина земја во светот, а втора по број на жители во светот. Индија е република со систем на парламентарна демократија и се состои од 28 држави и 7 сојузни територии. На југ, Индија излегува на Индиски Океан, на запад на Арапското Море, а на исток е бенгалскиот Залив. Територјално граничи со Пакистан на запад, со Кина, Непал и Бутан на север, и Бангладеш и Мјанмар на исток.

 * Население: 1.324 милијарди       Главен град: Њу Делхи        Јазици: хинду и англиски и 21 национален јазик

 * РЕЛИГИЈА: Хиндуизмот, будизмот и јеинизмот се создадени во Индија. Од религијата во Индија најмногу е застапен хиндуизмот и исламот, потоа христијанството и други религии

* ХРАНА: Индија ги буди сите сетила и чувства и во неа може да почувствувате сè, освен рамнодушност. Таква е и гастрономијата. Индиската кујна може да се подели на четири региони иако постојат и други поделби во овие региони: Најпозната е Бенгалската кујна ( Храната се служи во посебна послужавник во кој централно место зазема голем сад со ориз до мали додатоци од другата храна)

* КЛИМА: Климата во Индија е суптропска, тропска и екваторијална. Индискиот континент има монсунска клима во лето, кога од Индискиот Океан дуваат топли и влажни ветрови и паѓа многу дожд. Просечната температура се движи 11 -12 степени во подножјето на Хималаите и 27-28 во јужниот дел. Флората изобилува со прашуми, џунгли, савани...

* ВАКЦИНА И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: За патување во Индија не се потребни вакцини, но ги советуваме патниците да се консултираат со лекар и да одлучат дали ќе примат вакцина или не. За секој случај препорачливо е да се земаат лекови за стомачни проблеми (пробиотици), фервекс или некои лекови за болка и температура. Општата здравствена состојба во Индија е сложена и бара особена претпазливост и конзумирање вода, храна и средства за лична хигиена.

* ОСИГУРУВАЊЕ: Здравственото осигурување не е задолжително, но се препорачува. Можете да се направи во било која осигурителна компанија или во нашата агенција.

* БЕЗБЕДНОСТ: Опасност од природни катастрофи во Индија е во периодот на летните монсунски дождови. При непогоди од монсуните, најмногу во руралните области, се формираат кризни служби, кои на самото место укажуваат помош, односно евакуација.Потребно е да се води сметка за почитување на локалните обичаи.

* ПАРИ: Официјална валута во Индија се индијските рупији. Може да се понесат евра или долари. Односот е 1 EUR = 70 INR, а 1 USD е околу 60 INR. Постои можност да се користат картички, првенствено на банкомати

* КОМУНИКАЦИЈА: За цените на роаминг, проверете кај Вашиот мобилен оператор. Може да се купат и локални картички кои не се скапи. Интернет и Wi-Fi: врската може да биде бавна, но е доволна за основна комуникација.

* ВИЗА: На државјаните на Република Македонија им е потребна виза за Индија.Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќањето од патот.

Напомена во врска со визата:

* Патниците се обврзани да се запознат со визниот режим на државата во која патуваат.

 * Некои од Амбасадите бараат лично присуство на патникот или во текот на визирањето; патникот е должен да ги испочитува правилата на амбасатата.

* Агенцијата не гарантира добивање на виза и не е овластена да ги утврди валидните документи.

  Можно е поместување на терминот за ден/два во зависност од авионската компанија. Точниот термин се потврдува по конечното потврдување и формирање на групата патници

 Услови на плаќање: Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 еур = 62 денари. При самата пријава се уплатуваат 100 еур, а останатиот изност од аранжманот се доплаќа 7 недели пред тргнувањето.

Пријавување: Бројот на места  е ограничен, препорачуваме поскори пријави за патување. При резервација, Ве молиме да доставите скенирана прва страна од пасошот (и важност на истиот минимум 6 месеци од денот на враќање од патувањето, да има доволно слободни страни за за време на патувањето) во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна со уплатен аванс и скениран пасош во боја. Документот да се достави 2 месеци пред патувањето.

Гостински соби (Guest house) сместувачки објект карактеристичен за Азија; Собите се едноставни, релативно помали од стандардните; со 2 легла со сопствена бања; Услугата е на база на ноќевање; името на гостинката соба ќе биде објавено по формирање на групата-најдоцна една недела пред тргнување.

Дивали (Diwali) фестивал на светлоста кој се прославува 3 дена (крај на октомври/почеток на ноември) во секое село-град се осветлени со илјадници светилки кои ги бркаат лошите духови.Животните се истотака украсени за фестивалот-капени и чисти. Фестивалот ја претставува Индиската Нова Година и се слави низ цела Индија со големи огномети, изобилство на цвеќе и факели.

Њу Делхи(New Delhi)главен град на Индија, во кој живеат околу 22 милиони жители. Градот е богат со културно историско наследство, од кое дел е под заштита на УНЕСКО.

Џајпур (Jaipur)град во државата Раџастан, познат како розевиот град бидејќи најголем број на градбите се во розева боја. Најзначајни знаменитости се тврдината Амбер, Градската Палата, Џантар Мантар и Хава Махал.

Пушкар (Pushkar) еден од најстарите градови во Индија кој се наоѓа во државата Раџастан, на обалата на езерото Пушкар; според легендата него го создал Лорд Брама на кого се посветени голем број на храмови.

 

Ришикеш (Rishikesh) град кој се наоѓа во државата Утарканд. Се наоѓа на околу 20 км северно од Светиот град Харидвар. Името го добива по Лорд Вишну кој според легендата се појавил во овој град под дрвото манго

 

Напомени во врска со патувањето

* Ко -организатор на патувањето е Т. А. Камелија со број на Лиценца А и со регистерски број 13-6271/2;  а во соработка со партнерска агенција.

*Со самото пријавуање треба да се достави копија од пасош со кој патникот ќе патува  и да се провери траењето  и исправноста на пасошот и бројот на слободни страници кој се потребни за патување

*Пасошот мора да има рок на важност до минимум 180 дена(6 месеци) од денот на враќање

* Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на некои од содржините во       Програмата.

* Организаторот на патувањето не е овластен и не сноси одговорност во врска со важноста на пасошот и  другите документи.

* За сите информаци дадени по усмен пат агенцијата не сноси одговорност.

* Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата која патува должен/на е да ги запознае сите патници на патувањето со договорениот програм на патување, условите за плаќање и визирање како и Општите услови за патување на ТА Камелија.

* Патниците се должни да 2 дена пред тргнување се информираат за времето и местото на тргнување.

* Патникот е должен да сам се информира околу правилата на однесување во земјата во која патува како и да ги почитува важечките законски царински прописи.

* Во превозните средства најстрого се забранува пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства

* Патникот кој со своето непристојно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачот или пратителот на групата во нивната работа – веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му биде префрлена без право на жалба и повраток на парични средства.

* Патникот е должен да ја почитува саатнината на тргнување одредена од страна на претставникот на патувањето, а во спротивно претставникот на агенцијата има право да го исклучи од патувањето

* Во туристичките автобуси не е овозможено користење на тоалет; во согласност со планот и програмата паузи се прават на 3-4 часа (согласно локацијата и опременоста на бензинските пумпи) а кој патниците можат да ги искористат за користење на тоалет.

* Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото и времето на поаѓање, местата и времетраење на паузите; уплатата на превозот, патникот ги прифаќа сите погоренаведени услови без право на приговор и жалба.

* Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за европските и 50 патници за европските патувања.

* Во случај на недоволен број патници или други објективни околности, организаторот ги информира патниците за отказ на аранжманот пред датумот на поаѓање и тоа најдоцна 10 дена за Далечните патувања односно најдоца 5 дена за Европските патувања.

* Кај аранжманите со авионски превоз, по купувањето на авионската карта не е возможна рефундација на средствата и во тој случај важат условите на авионската компанија.

* Кај аранжманите кои вклучуваат Low Cost-авикомпании – во случај на одложување на летот, отказ или губење на конекција, патниците се должни сами да ги доплатат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околности кои се надвор од нејзиниот домен на работа.

* Цените од Low Cost-Аранжманите се подложни на промени, по уплата на авансот се проверуваат тарифите и тогаш на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

* Агенцијата не сноси одговорност за промените на авионските конекции од страна на авиокомпанијата.

* Саатнината на летовите во планот и програмата добиени од страна на агенцијата се подложни на промени и зависат исклучиво од авикомпанијата.

* Агенцијата го задржува правото на избор на превозни средтства за трансфери и извршува сместување доколку е тоа физички возможно.

* Организаторто на патувањето го задржува правото на корекција на договорената цена пред почетокот на патувањето, но во случај да се смени курсот, смена на валута или промена на тарифата на превозникот во законите на предвидените случаи.

* Доколку некои патници сами одлучат да ја сменат понудата на Програмата – агенцијата нема одговорност да во текот на патувањето обезбеди трансфер за сместување во хотели.

*За сите факултативни излети кој се наведени во програмата задолжително е патниците да се изјаснат со самото пријавуање во агенција

* За овој аранжман патникот се запознал со Општите услови за патување на СКТМ и КАМЕЛИЈА ТУРС

*Поради почитувањето на временските рокови предвидени со програмата за патување, како и почитувањето на времето на другите патници од групата, не постои можност за престој на границата што излегува од Европската унија, за да се потврди данокот и враќањето на данокот од Европската унија (TAX FREE)

*Препорачуваме да пазите на вашите лични документи и пари

* Организаторот на патувањето го задржува правото на распоред на собите во врска со структурата на самиот хотел. Доколку постои можност агенцијата ќе се потруди да излезе во пресрет на желбите на патникот-доколку дозволува хотелот (Ве молиме за разбирањето, бидејќи патувањето е замислено како добра забава за Вас и добра авантура).

* Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачките капацитети, да сам сноси одговорност во врска со хигиената, во спротивно ќе подлежи на санкции од персоналот.

* Сместувачките капацитети вршат сместување на патниците во капацитетите по тип на соба во зависност од расположливите капацитети во моментот. Агенцијата не е во можност да на патникот му потврди дали креветот ке биде TWIN  (раздвоени) или Double (француско легло)како и по катовите во капацитетот. Патникот го уплатил аранжманот-согласен на споменатите детали и услови на патувањето без право на жалба.

* Агенцијата нема одговорност доколку патникот има здравствени проблеми-тогаш патникот е сам одгорен за своето здравје и има одговорност да има свое осигурување.

Напомени во врска со факултативните излети

* Факултативните излети не се задолжителни за време на патувањето.

* Термините и цените се променливи и зависат од слободните термини од локалитетите, број на патници...

* Факултативните излети се организираат од страна на локална агенција, а Камелија Турс не е во можност да влијае на работите кои се предмет на самото реализирање на факултативниот излет.

* Факултативните излети најчесто ги водат локалните водичи на самите локалитети на англиски јазик. Уплатата на излетите ја прифаќа патникот заедно со условите на локалната агенција без право на жалба.

* Агенцијата не може да влијае на должината на траењето на патувањето до локалитетите, време на поаѓање и враќање, како ни на стручноста на локалниот Водич.

*При уплаќање на факултативниот излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција.Сите последователни промени, измени и откажувања на екскурзијата по плаќањето не се можни, и не е возможна рефундација на истите.

*Ги замолуваме сите патници да се запознаат со планираната програма и условите на изборната екскурзија пред да  платат за некој факултативен излет. 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден 23.10.
    Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” во Белград 2,5 саати пред летот. Лет од Белград до Њу Делхи со преседнување.
2
2 ден 24.10.
    Лет до Делхи и пристигнување во Индија, земја со интензивни доживувања. Трансфер до сместување. Пристигнување во Њу Делхи - главниот град на Индија. Факултативно: разглед на градот - Lakšmi Narajan Temple, India Gate, Lotus Temple, Qutub Minar. Ноќевање.
3
3 ден 25.10.
    Слободно време или факултативно: разглед на стариот дел на Делхи - Jama Masid, Red Fort, Гробот на Mahatmа Ghandi. Слободно време на Main - пазарот. Во вечерните часови трансфер до железничката станица и поаѓање за Puškar. Ноќно возење.
4
4 ден 26.10.
    Пристигнување во Puškar во предпладневните часови. Слободен ден за запознавање на овој хипи град и пријатна атмосфера со посета на голем број хинду храмови подредени околу Светото езеро. Голем број на кафулиња за релакцасија, интересна храна, локални изработки. Дружење на жешкото сонце. Ноќевање.
5
5 ден 27.10.
    Го прославуваме празникот Дивали-фестивал на светлоста кој представува почеток на Индиската Нова Година и се слави низ цела Индија. Ноќевање.
6
6 ден 28.10.
    Факултативен излет до пустината Tar, сафари со камили, номадски села и танцување на зајдисонце. Ноќевање.
7
7 ден 29.10.
    Напуштање на сместувањето и во претпладневните часови заминување со воз за Џајпур (Jaipur) – розевиот град. Radžastan во неговото најубаво светло. Најголемата и најшарена држава на Индија, престолнина на Раџпутите, кралски семејства и големи воини; мешавина од традиционалното и современото. Можност за уживање во богатата вегетаријанска кујна, шизлери, тхали...сетилата се задоволени и патот го продолжуваме до сместувањето да го оставите багажот и факултативно се посетува Amber Fort-фасцинантната ќилибарска тврдина која порано ги бранела Раџпутите од монголските напади; еден одличен микс од арапска и хинду култура. Посета на селото на слоновите и можност одблизу да се види нивниот живот; како се капат, каде живеат и секако како е да се биде Махараџа на еден слон. На враќање посета на Jal Mahala - Водената Палата која е летна резиденција на Махараџите. Ноќевање.
8
8 ден 30.10.
    Мажи со бркови облечени во чаршави и шпицести чевли, жени во шарено сари-секоја со по некоја тетоважа и пирс на носот или ушите; многу топлина и егзотичност, место каде во секој момент може да се судрите со некоја камила или слон. Факултативно посета на Палатата на Ветровите која е изградена да можат убавиците од харемот да гледаат кон улицата, но нив да неможе никој освен Махараџата да ги види, потоа посета на познатата Обсерваторија од XVII век – Jantar Mantara, со која астролошките појави се мерат со поголема прецизност од некои современи обсерватории. Во попладневите часови посета на локален пазар и можност за купување на локални ракотворби од кожа и ткаенини. Ноќевање
9
9 ден 31.10.
    Напуштање на сместувањето и слободно време за индивидуални активности во Џајпур (Jaipur) . Во вечерните часови трансфер до железничката станица и заминување за Ришикеш. Ноќно возење.
10
10 ден 01.11
    Пристигнување во градот Ришикеш: идилично место сместено на брегот на реката Ганг која се спушта од планината и е доста брза, звучна и чиста за капење, мајмуни можат да се забележат наоколу, исто така и голем број на хинду-свештеници. Прошетка до Лакс Ман Џуле (Lax Man Jule)-градот на јогата во кој и познатата група Битлси ја применувале јогата во свое време. Ноќевање.
11
11 ден 02.11
    Факултативно: превоз со локален автобус до Харидвар, градот-домаќин на најголемиот фестивал на Кумамелите (околу 10 милиони луѓе на едно место). Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Ришикеш. Ноќевање.
12
12 ден 03.11
    Напуштање на сместувањето и слободно време за индивидуални активности се до времето за тргнување за Делхи. Трансфер до железничка станица - Ноќно возење
13
13 ден 04.11
    Пристигнување во Делхи во раните утрински часови, трансфер до сместувачките капацитети и слободно време. Ноќевање.
14
14 ден 05.11
    Факултативен излет до Агра и посета на Таџ Махал-една од највеличествените градби на светот, симболот на Индија и на љубовта, во попладневните часови посета на Црвената тврдина-уште една величествена градба на Раџпутите-војничката каста на Индија. Враќање во Делхи. Ноќевање.
15
15 ден 06.11
    Слободно време за прошетка и купување на сувенири во Делхи. Во вечерните часови напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром.
16
16 ден 07.11
    Авионски лет за Белград со преседнување. Пристигнување во Белград.

Цената покрива:

Авионски билет со вклучени такси на релација: Белград - Њу Делхи – Белград
Организација на аранжманот и претставник од агенцијата
Сместување во 1/2 соби со своја бања на база 3 ноќи во Њу Делхи,Пушкар , Џајпур и Ришикеш во гостински соби
Сите трансфери според програмата на патувањето

Цената Не покрива?

  • Виза за Индија
  • Факултативни излети и влезници за локалитетите и културно-историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Трошоци на Туроператорот за резервација и организација 15 eвра.

Pin It on Pinterest