Вили Санрајс и Василис

 

Куќа „Санрајс“ има одлична локација во строгиот центар на градот, на 300 м од пристаништето. Студијата содржат: опремена кујна, тоалет, клима (се доплаќа во објектот), бесплатен интернет (во фоајето), тераса (дел од нив со поглед кон море). Куќа „Василис“ е лоцирана во мирен дел од островот, на околу 350-400 м од центарот на градот. Студијата и апартманите содржат: опремена кујна, тоалет, ТВ, клима (се доплаќа во објектот), бесплатен интернет, тераса. Има убав двор. 

 

 

Термин

Ноќевања

1/2 стд

3/4 лице стд

3/4 лице апп

3/4 лице дуплекс

2 јуни

9

139

79

89

99

11 јуни

9

159

89

99

109

20 јуни

9

199

99

109

119

29 јуни

9

215

105

115

125

8 јули

9

235

109

119

135

17 јули

9

265

125

135

155

26 јули

9

295

155

175

195

4 август

9

295

155

175

195

13 август

9

295

155

175

195

22 август

9

255

115

125

145

31 август

9

199

99

109

119

9 септем.

9

159

89

99

109

18 септем.

12

139

79

89

99

 

Напомени и услови:

- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 ден. Истите се по лице за пакет аранжман од 9 или 12 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје - Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќите

-Трето и четврто лице доплаќаат во студио/апартман или дуплекс апартман според ценовникот  во табелата

-Дете од 2-6 год,бесплатно сместување, плаќа само превоз 4.030мкд. (65 евра), деца од 6-12 години добиваат 15% попуст на цените од табелата за 3то и 4то лице 

-За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за возрасни или деца

- Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”), аранжманот започнува следниот ден

-Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата

- Автобуски превоз без аранжман по лице

o        Возрасни 6.820мкд. (110 евра)

o        Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)

- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација при потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

-Преземањето на собите започнува најрано во 14 ч по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 ч по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

-Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

-Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во студио/ апартман

- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница ( www.camelliatravel.com.mk ) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени

-Клиентите кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

-Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

-Агенцијата не може да гарантира стабилност и брзина или коректност на интернетот во кој-било објект.

-Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.АКамелија Турс“ и на самата агенција. 

·Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

· Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

·Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

·Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус

· Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

· Важат Општите услови на Т.А. Камелија Турс ( ЛиценцаА) членка на СКТМ

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest