Вила Таласинос

 На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети...Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои  доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило и широко шеталиште идеално за вечерни прошетки. Во нашата понуда имаме  трокреветни и четирикреветни студија и апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Возилата можете да ги парките во непосредна близина на вилата .

 Напомена:Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Вила „Talassinos” - Неа Плагиа

Термин:

Ноќевања:

1/3 апартман

1/4 студио

1/4 апартман

22.05-01.06.2019

10

7.440 ден (120 €)

9.300ден (150 €)

12.400 ден (200 €)

01.06-11.06.2019

10

11.780 ден (190 €)

13.640 ден (220 €)

17.360 ден (280 €)

11.06-21.06.2019

10

15.500 ден (250 €)

17.360 ден (280 €)

21.080 ден (340 €)

21.06-01.07.2019

10

21.700 ден (350 €)

23.560 ден (380 €)

27.280 ден (440 €)

01.07-11.07.2019

10

26.040 ден (420 €)

27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

11.07-21.07.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

21.07-31.07.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

31.07-10.08.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

10.08-20.08.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

20.08-30.08.2019

10

26.040 ден (420 €)

27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

30.08-09.09.2019

10

21.700 ден (350 €)

23.560 ден (380 €)

27.280 ден (440 €)

09.09-19.09.2019

10

15.500 ден (250 €)

17.360 ден (280 €)

21.080 ден (340 €)

19.09-29.09.2019

10

10.540 ден (170 €)

12.400 ден (200 €)

15.500 ден (250 €)

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот 

 -Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

  • - Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Pin It on Pinterest