Вила Конаки

Куќа „Конаки“ се наоѓа во срцето на селцето Амулијани, со многу таверни, маркети, кафулиња. Оддалечено околу 300 метри од пристаништето. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, големи тераси. Има сопствен паркинг. За сите плажи има организиран, локален превоз. 

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио 

1/4 студио

1/6-10/6

9

145

165

185

10/6-19/6

9

245

270

295

19/6-28/6

9

295

330

375

28/6-7/7

9

385

425

485

7/7-16/7

9

445

475

535

16/7-25/7

9

475

525

595

25/7-3/8

9

475

525

595

3/8-12/8

9

475

525

595

12/8-21/8

9

445

475

535

21/8-30/8

9

405

440

495

30/8-9/9

10

295

330

375

9/9-19/9

10

255

280

305

19/9-1/10

12

170

190

210

 

 

 

 

 

 

 

  

 

 

 Напомени и услови:

-  сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација при потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

-  Преземањето на собите започнува најрано во 14 ч по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 ч по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

-  Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

-  Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

-  Сликите објавени на нашата веб-страница (https://camelliatravel.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени

-  Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

oЗа возрасни 2.790 мкд. (45 евра)

oЗа деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра)

oДеца до 2 години бесплатно, без седиште

-  Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

-  Клиентите кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашата канцеларија.

-  За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

-  Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

-  Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернетот во кој-било објект

-  Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

-  Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. „Камелија Турс“ и на самата агенција. 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

·  Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

·  Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

·  Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

·  Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус

·  Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

·  Важат Општите услови на Т.А. Камелија Турс ( ЛиценцаАчленка на СКТМ                         

 

                                               Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС  Ви посакува пријатен одмор

 

 

 

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

  • туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Pin It on Pinterest