Програма

1
СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во часот. Полетување за Барселонa.Пристигнување во Барселона. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2
БАРСЕЛОНА
    Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо,Готскиот кварт Минувајќи низ неколку улици ќе ја здогледате импозантната градба ,Гаудиевото животно дело – Саграда Фамилија. Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Факултативна посета на ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата. На враќање ќе го видиме ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди Каса Батло (Casa Batlló) , или Куќата од коски , изградена на во почетокот на 20 век , а наспроти неа ќе ја здогледате и Каса Мила (Casa Milà)или Ла Педрера , куќата без рабови , која додека ја набљудувате имате впечаток како да гледате во смрзнати бранови. Факултативен разглед до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Навечер Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
БАРСЕЛОНА
    Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуељ, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и е значајна знанемитост на Барселона . На влезот во паркот , кој што е огромен и каде што ќе доживеете необјасниво смирување и спокојство , иако туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк ,се наоѓаат Гаудиевата куќа и гуштер облепен со скршени керамички плочки , изработка по гаудиевата техника “тренкадис” . Посетата продолжува кон Тибидабо , (највисоката точка во Барселона -512 метри надморска височина ) паркот Гуел се наоѓа во подножјето на брдото Тибидабо . Од ова брдо се пружа совршен и најубав поглед на цела Барселона и морето , тука може да уживате ,да се напиете кафе , сок и сето тоа додека музицира локален бенд , расположен за добра свирка и забава.Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Враќање во хотел со метро.Слободно време за индивидуални активности. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу, фламенкото претставува национален танц на Шпанија кој представува микс на музика и танц.Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4
БАРСЕЛОНА -СКОПЈЕ
    Појадок.Напуштање на хотел и индивидуална прошетка до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest