Влез во Албанија без PCR тест и рестрикции

Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија. 

Албанскиот премиер, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои годинава сакаат да oдмораат во Албанија. Влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку изминатата година . На туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесуваат албанските новини. Како што вели албанскиот премиер, резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат.  Албанија сака да стигне до милион вакцинирани граѓани. Во пресрет на летната сезона земјите ги прецизираат правилата за патување. 

Pin It on Pinterest