Иран Персиска Империја

> Иран Персиска Империја

Иран Персиска Империја

                 

                ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА ИРАН

          ТЕХЕРАН - КЕРМАН - ЈАЗД - ПЕРСЕПОЛИС-ШИРАЗ - ИСФАХАН- КАШАН

 

                   Термин:15.10-27.10.2022 

                      10ноќи /12дена 

Термин ►

15.10 – 27.10.2022

Ран Букинг:

2.480 05.09.2022

Регуларна цена:

2.580 €

        Најдоцна пријавување до 06.09.2022 

 

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За резервација потребен е аванс од 50% од вклупниот износ на аранжман најдоцна до 03.09.2022.

Доплата на целосна уплата е  15  дена пред започнување на патувањето.

Организаторот на патувањето го задржува правото,во случај на промена на цената на превозот (авионските билети)

да ја промени и цената на аранжманот.

Доколку не се оствари минималниот број на патници oд 14,организаторот го задржува правото да го откажe

 или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

 и промена на лет према или време на полетување.

Патниците се должни 24 часа пред полетување да се информираат околу авионскиот лет;

За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. КАМЕЛИЈА и СКТМ

кои  се во прилог со овој договор и патниците се должни да се запознаат со истите.   

НАПОМЕНА:

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација напатувањето

со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

За ова патување за понежниот пол задолжително е да се носат марами во   државата која слетуваме.

Наша препорака е да имате најмалку 2 марами.

Доколку не се оствари минималниот број на 14 патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7дена  пред патувањето и промена на лет према времето на полетувањето

За патување во Иран за македонски граѓани потребно е ПСР ковид тест не постар од 72 часа или доказ за примена ревакцина со поминати 14 дена.

За македонски граѓани потребна е виза. Се аплицира во агенцијата само со пасош и 2 фотографии.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршување на патувањето 5 дена пред полетувањето.

Агенцијата ќе објави информации за саатнината на  полетувањетоислетувањетокако иАвионскатакомпаниja

 

ТИП НА  ПАТУВАЊЕ 

Патување со умерена тежина,односно потребни се посебни подготовки:

Патниците се должни да се информираат во агенцијата.

Патувања од овој тип може да вклучуваат пократко / подолго патување, но генерално сеполесни

На ова патување важно е да сакате да ја доживеете земјата каква што е и затоасте подготвени да направите мали прилагодувања на условите во земјата во која патувате

Ќе доживеете: културни знаменитости, национални паркови, народни обичаи, природни убавини...

Сето тоа можете да го видите само во единствената 

 ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА!

 

 

 

 

 

 

 

 

Пас

 

Слични Понуди

Програма

1
Ден Скопје 15.10.2022 ( лет)
    Состанок на групата во 18:00 часот Меѓународен Аеродром Скопје.. Полетување за Истанбул во 20:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 22:55 часот
2
Ден: Пристигнување во ТЕХЕРАН 16.10.2022
    Летот од Истанбул за Техеран е во 01:40 часот. Слетување на аеродромот ИКА во Техеран рано наутро во 05:10 часот, состанок на групата со локален водич на аеродромот, организиран трансвер до хотелот. Техеран е најголемиот главен град на Иран со повеќе од 14 милиони жители со тоа преставува најголем град во Западна Азија. Време за одмор и запознавање на програмата во самиот хотел на рецепција со македонскиот водич во 13:30 часот локално време. Заминување кон трговски центар со локален водич за промена на локална валута и адаптација на содржината. Слободни активности. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање во Техеран.
3
Ден: ТЕХЕРАН – КЕРМАН ЛЕТ 17.10.2022 ( лет)
    Појадок. Одјава од хотелот. Посета и разглед на градот Техеран. Посета на Националниот музеј на Иран (доколку дозволи времето), кој преставува огромна колекција на предмети од праисториски и историски период; Голестанската палата (Golestan Palace) која се состои од шармантно огледало и приемна сала со галерии и кралски конаци кои преставуваат значајна уметност на Иран од 19тиот век; Aзади кулата (Azadi Tower) која е симбол на иранската империја уште пред 2.500 години. Организиран трансфер до аеродром со домашен лет за Керман. Вечера. Ноќевање во хотел во Керман.
4
Ден: КЕРМАН – МАХАН – ШАХДАД – КЕРМАН 18.10.2022
    Појадок. Целодневна ексурзија до пустината Шахдад и Калутс. Централниот Лут е огромниот дел од самата пустина кој го содржи најнискиот дел од пустината со својата извонредна природна архитектура; Градината Шаздех (Shazdeh Garden ) која е атрактивна зелена оаза и примерок на историските раскошни персиски градини; Светилиштето на Шах Нематола Вали (Shrine of Shah Nematollah Vali) кое е сместено во прекрасна градина со голема хармонија како прекрасен исламска знаменитост. Вечера. Ноќевање во Керман.
5
Ден: КЕРМАН – ЈАЗД 19.10.2022
    Појадок. Посета на најпознатата џамија во Керман (Jami‘ Mosque of Kerman) која со својата атрактивна и уникатна архитектура од 14тиот век е неодолива за посета. Патување кон Јазд. Пристигнување во хотел. Вечера. Ноќевање во Јазд
6
Ден: ЈАЗД 20.10.2022
    Појадок. По појадокот, посета на Долат Абад, Зороастианскиот огнен храм и Џамијата Џамех. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање во Јазд. Прошетка на градот Јазд, посета на Огнениот храм ( Fire temple).
    активност од агенцијата: Прошетка до населбата Фахадан која е историското пристаниште на градот Јазд заштитетно под УНЕСКО
7
Ден: Јазд – Персеполис – Нагше Ростам – Шираз 21.10.2022
    Појадок. Поаѓање од Јазд за Шираз, со попатна посета на: Персеполис како скапоцен камен на античката Персија заштитен истотака под УНЕСКО. Патување кон Шираз. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Шираз.
8
Ден: Шираз 22.10.2022
    Појадок. По појадокот, посета на градот Шираз: Џамијата Насир ол-Мулк е единствена џамија позната по својата архитектура со украсни теми. Гробот на Хафез,истакнатиот мајстор на персиската лирика чие срце ( чаша) е исполнето со љубов ( виното) на Возвишениот ( Бог). Mузејот Нарењестан кој е богато украсен со декоративни комбинирани елементи, Џамијата во Шираз како и Вакил Базарот. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Шираз.
9
Ден: Шираз-Пасаргада-Исфахан 23.10.2022
    Појадок. По појадокот се упатуваме кон Исфахан. Попатна посета на гробницата на Кир. По пристигнувањето во Исфахан, сместување на патниците во хотел Вечера. Ноќевање во Исфахан.
10
Ден: ИСФАХАН 24.10.2022
    Појадок. По појадокот заминување кон еден од најголемите плоштади во светот Хагш-е- Џахан ( “плоштадот на сликите на светот” УНЕСКО) исто така познат како плоштад Имам, каде ќе имате можност за посета на: Имам Џамијата, Палатата Али Ќапу, Џамијата на Шеикот Лотфолах, и Пазарот . Вечера. Ноќевање во Исфахан.
    активност од агенцијата: Посета на иранска традиционална чајџилница и уживање во атмосферата со прошетка низ Чарбаг една од историските улици на Исфахан
11
Ден: ИСФАХАН 25.10.2022
    Појадок. По појадокот целодневен престој во Исфахан: посета на Џами Џамија која е симбол на иранската архитектурa; Sio Se Pol. Ерменскиот кварт за посета на црква. Ноќевање во Исфахан. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање во Исфахан.
    активност од агенцијата: Посета на иранска локална традиционална пекарница за леб
12
Ден: ИСФАХАН 26.10.2022 ИСФАХАН – КАШАН – ИКА АЕРОДРОМ
    Појадок. Одјава од хотелот. По договор со водичот заминување кон Техеран. Попатна можност за посета на Кашан каде се наоѓа Финската градина и куќата на Табатабај која е одличен пример за куќа од 19ти век. Вечера. Патувањето продолжува кон меѓународниот аеродром.Состанок на групата во 23 часот на аеродромот ИКА и по полноќ полетување во 02:20 часот кон Истанбул.
13
Скопје 27.10.2022
    Пристигнување во Скопје во 07:50 часот
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Повратен авионски билет Скопје- Истанбул - Техеран - Истанбул - Скопје
Патничко осигурување до 64 години
Аеродромски такси
Авионски билет Техеран - Керман
Локален туристички водич
Влезници во културно историските споменици спомнати во програмата
10 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 5*
Локални трансфери, трансфери измеѓу градовите според планот на програмата

Цената Не покрива?

  • Индивидуални екскурзии и дополнителни барања
  • Иранска ВИЗА 30 € ( потребни се 2 слики и биометриски пасош)
  • Доплата за 1/1 соба 510€
  • Бакшиш за водич и возач 5 € по лице на ден

Pin It on Pinterest