>

Слични Понуди

Програма

1
30 октомври СКОПЈЕ - РИМ
    Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10:30 часот. Лет за Рим во 13:55 часот. Слетување во Рим во 15.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 2 часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.
2
31 октомври РИМ – ВАТИКАН
    Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.
3
01 ноември РИМ - ТИВОЛИ
    Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
4
02 ноември РИМ – СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 12.00 часот) до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest