Sign in:

  • Macedonian
  • English
  • Russian
  • Albanian
  • Albanian
  • Albanian
►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел

JOРДАН - ексклузивна понуда


Термин: 13.11.2015-20.11.2015    8 дена / 7 ноќи  со авион

Минимум 25  патници, ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 02.10.2015

 ЈОРДАН

                  

1 ден  13.11.2015 

 Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред полетување. Полетување за Јордан преку Истанбул  во 20:45 ч со                                          

2 ден  14.11.2015

 Пристигнување на аеродромот Акаба  во 3:00 ч, трансфер до хотелот, сместување во хотел према условите на хотелот. Слободно време,Појадок.  Слободен ден во Акаба. Слободно време за уживање и капење. Вечера. Ноќевање.

3 ден 15.11.2015 Акаба – Бетхани – Мртво Море – Аман  

По појадокот посета на местото каде што бил крстен Исус Христос, потоа посета на реката Јордан,  заминување кон Спа хотелот на Мртвото Море, можност за уживање. Околу 17 часот, трансфер до Аман сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден 16.11.2015  Аман - Јераш – Ајлоун-  Аман.

По појадокот, возење кон северниот дел на Јордан и посета на Јераш, кој се наоѓа 48 км северно од Аман. Сместен е во тивка долина, меѓу планините Гилеад. Тоа е еден од најголемите и најдобро зачуваните места во светот од времето на Римското царство, надвор од Италија. До денес се зачувани поплочени улици, опколени со колонади, храмови, театри, пространи јавни плоштади, бањи, фонтани и градски ѕидини со кули и капии. Сите тие се зачувани во одлична состојба. Се продолжува низ прекрасните борови шуми и маслинови овоштарници за да се стигне до градот Ајлоун или Калаат Ерабадх /тврдина на рид, од каде се шири прекрасна глетка кон запад, кон Јорданската долина. Возење до Аман. Вечера. Ноќевање.

5 ден 17.11.2015   АМАН – МАДАБА – ПЛАНИНАТА НЕБО – КАРАК – ПЕТРА

Појадок. По појадокот целодневна посета на Кралскиот автопат – античкиот Пат на свилата.  Запирање во Мадаба, дом на најпознатите византиски мозаици од 6 век, на кои се претставени библиските места. Продолжување кон Планината Небо, од каде се отвора прекрасна глетка кон Светата Земја. Натаму, се оди во Карак, каде што се посетува замок од времето на Крстоносците, од 12 век. Оттаму, се оди кон Петра. сместување во хотел Вечера. Ноќевање.

6 ден  18.11.2015   ПЕТРА – ПОСЕТА НА ВАДИ РУМ (ТУРА СО ЏИП – 2 ЧАСА) – АКАБА

Појадок. По појадокот  посета на 7 – те нови светски чуда во свеот. Градот бил престолнина на Набатејците, Арапи кои владееле со просторот на Јордан во предримско време. Тие, во цврстите карпи, го исклесале овој чудесен свет од храмови, гробници и интересни градби. Викторијанскиот патник и поет Деан Бургон ја опишал Петра. Тој опис е актуелен до ден денес  - Зборовите не се доволни да ја отсликаат величественоста на Петра. Во 14 часот, трансфер до Вади Рум, каде што може да се доживее романсата на пустината. Со нејзиниот месечев пејсаж и со песочните планини што се изникнуваат од песокот. Вади Рум исто така е дом на неколку бедуински племиња кои живеат во  расфрлени логори низ целата околина. Вади Рум особено ги привлекува искачувачите по карпи, поради високите карпести ѕидови и гребени. Вади Рум веројатно е најпозната поради поврзаноста со британскиот таинствен офицер Т. Е. Лоренс, кој овде имал база за време на Големиот арапски бунт во 1917–1918 година.  Поголем дел од филмот Лоренс од Арабија бил снимен во Вади Рум. Со џип 4 х 4 се оди на истражување на месечевиот пејсаж. Турата трае 2 часа. Во 18 часот, трансфер до хотелот во Акаба. Вечера. Ноќевање.

7 ден  19.11.2015   СЛОБОДЕН ДЕН ВО АКАБА

  Појадок По појадокот во хотелот, слободен ден за уживање и пливање во хотелот Акаба Бич. Вечера. Ноќевање.

8 ден –20.11.2015    АКАБА  

Појадок По појадокот во хотелот, слободен ден за уживање и пливање во хотелот Акаба Бич. Вечера. Ноќевање 

9 ден –21.11.2015   

Во 01.30 трансфер до аеродромот Акаба. Заминување за Скопје преку Истанбул во 04:00ч со Turkish airlanes. Пристигнување во Скопје во 08:15ч                                                                                                  

 

  • ВО  ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  •   Трансфер од Скопје до Аеродром Александар Велики
  •   Групна виза при влезот во Јордан
  •   Превоз со автобус со клима уред
  •   Ручек во Спа хотел на Мртво Море
  •   4ноќевања со појадок и вечера  во Aqaba Hotel:Double Tree Hilton Aqaba 4*/ 5
  •   2ноќевања со појадок  и вечера во Amman Hotel: Geneva Amman Hotel 4* Deluxe
  •   1ноќевањe со појадок  и вечера во Petra Hotel: Beit Zaman Hotel 5*
  •   Тура со џип во Вади Рум – 2 часа,
  •   Локален туристички водич
  •   Јавање коњи во Петра до Ал сик – 400 м.
  •   Туристички водич (тур лидер)
  •   Влезници во местата /објектите споменати во програмата
  •   Бакшиш за туристичкиот водич и возачот  
  •  
  •  
  • ВО  ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧЕНО:-         
  •  Ручеци или друг вид оброк што не се споменати во програмата,
  •  Други услуги што не се споменати во програмата.
  •  Осигурување

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1260€

 

НАПОМЕНА: Пасошите мора да бидат со важност од минимум 150 дена

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари
  • Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените.
  • Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • во готовоавансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 18 дена пред поаѓање
  • кредитни картички
  • туристички крдит (6-36 рати ) аплицирање во агенција
  • вирманско плакање

 

ЗА ОВОЈ АРАЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ  УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А КАМЕЛИЈА И СКТМ

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата((застој во сообраќај, локални штрајкови, локални предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатнина закажана однапред од страна на агенцијата и сл) Побарајте договор и осигурување.

 



Услови и начин на плаќањеУслови на патување
Испечати понуда

КЛИКНИ ЗА ЛОКАЦИЈА