Sign in:

  • Macedonian
  • English
  • Russian
  • Albanian
  • Albanian
  • Albanian
►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел

Сараево 8-ми Март


 

      САРАЕВО-МОСТАР-ДУБРОВНИК

                                                               Термин: 07.03-11.03.2019

 

Град во кој дури и странци може да се чувствуваат како дома. Ниту е географски експанзивен ниту карактеризира со големи згради, овој град задржува одреден шарм со изобилство на прекрасно кафе , почит, традиција и гостопримство. Воодушевувачкaта позадина на градот на навидум бескрајни ридови и високи планини кои во некоја смисла го изолираат градот, создавајќи безвременски свет, кој и покрај неговата изолација секогаш ги чува своите врати отворени за остатокот од светот. Иако Сараево е главен град со метеж и ритам на секојдневен живот, тој исто така поседува уникатен амбиент кој се влева во душата на секој посетител. Ова е една од многуте причини поради кои мораме да го посетиме Сараево, дестинација која долго ќе ја паметиме...

 

1 ден 07.03.2019

Состанок на групата и заминување од пред Дрво Декор во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Косово-или Србија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 08.03.2019

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич. Баш чаршија, Парламентот, Историскиот музеј, местото на атентатот на Франц Фердинанд, Олимписките борилишта.  Mожност за факултативна вечера со музика во хотелот. Ноќевање.

3 ден 09.03.2019

Појадок. Заминување за Мостар. Разглед на градот и неговите историски знаменитости - стариот мост, чаршијата, факултативна закуска ( босански бурек - специјалитет на градот). Слободно време. Враќање во Сараево. Ноќевање.

4 ден 10.03.2019

Појадок. Заминување за Дубровник. Во предпладневните часови пристигнување во Дубровник - град музеј еден од најубавите на Балканот. Разглед на градот: Страдун со Орландовиот столб и Онофриевата чешма, палатата Спозна, Кнежевиот Двор, барокната црква Св. Влах, Катедралата - Вознесението на Марија, кулата Минчета, тврдината Ловриенац. Слободно време. По договор упатување кон Скопје.

5 ден 11.03.2019 

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цената на аранжманот изнесува: 115

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·   Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)

·   Сместување во хотел 3*/ 4* на  база  2НП (ноќевање со појадок) HotelExclusive 4*

·   Пратител на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·   Вечера со музика 15€

·   Посета на Мостар 15€

·   Влезници за културно-историски споменици кои се споменати во програмата 

·  Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програма

·   Патничко осигурување 5€ (до 64год) 

·   Доплата за 1/1 соба

·   Туристочка такса

 

Факултативи:

* Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;

* Агенцијата не сноси одговорност за промена на цената на билетите за факултативните посети иистите зависат од слободните термини на локалитетите како и од бројот на пријавени патници;

* Термините на факултативните посети се променливи

* Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата по избор!

 НАПОМЕНИ:

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Цената е пресметана на минимум 40 особи

Пасошот треба да важи минимум 3 / 6 месеци по завршување на патувањето

Плаќањето е во денарска противредност по курс од 62 денари   

Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс -Туроператор со лиценца -А членка на  СКТМ

 





Услови и начин на плаќањеУслови на патување
Испечати понуда

КЛИКНИ ЗА ЛОКАЦИЈА