Sign in:

  • Macedonian
  • English
  • Russian
  • Albanian
  • Albanian
  • Albanian
►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел

РУСИЈА


СКОПЈЕ-КРАКОВ-КИЕВ-МОСКВА-САНКТ ПЕТЕРБУРГ-РИГА-ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ 

 

Тип на патувањето: Групни друштвени патувања / Aвтобус

 

Посета на држави: Полска,Украина,Русија,Латвија,Чешка,Австрија

 

Сезона:  2019-Април

 

Времетраење на патувањето: 13 дена

 

Тргнување / Враќање:   19.04.-01.05.2019.

 

Информации за патниот превоз: Автобус- 4 ноќни патувања

 

Услуга:на база 8 ноќевања со појадок во хотели со категорија 3*/4*

 

1НП Краков, 1 НП Киев, 2 НП Москва, 2 НП Санкт Петербург,1 НП Рига,1 НП Прага

  

Разглед према програмата

  Локални водичи на англиски                                                                     Пратител на патувањето и преведувач                                                  Цена на услугите на аражманот како и организација на трошкови

  Број на полиси 130330000371/00)  одговорност за штета (класа 13 одговорност и класа 0/1 незгода) кодЕУРОЛИНГ ОСИГУРУВАЊЕ  АД СКОПЈЕ.

 

                                   Тип на патување

*Патување со умерена тежина: Нe бара посебни подготовки; понекогаш возењето може да биде подолго, а на некои места би користеле паузи. Патувања од овој тип може да вклучуваат пократко / подолго патување, но генерално се полесни. На ова патување важно е да сакате да ја доживеете земјата каква што е и затоа сте подготвени да направите мали прилагодувања на програмата и импровизација на теренот, бидејќи земјите кои ги посетувате така и функционираат;                                                                                            *Ноќевање во 1/2,1/3 и 1/1 соби  во хотели со 3* / 4*-Превозот е високо туристички како и удобен за оваков вид на патување.Ќе доживеете:културни знаменитости, национални паркови, народни обичаи, природни убавини, забава.

                            

                                ПЛАН НА ПАТУВАЊЕТО:

 1 ден. (19.04.) Ноќно возење. Македонија-Полска                                               Состанок на групата пред Дрво Декор во 12:00 часот Дневно и Ноќно возење со поптни паузи и царински формалности. Се упатуваме кон  Чешка-Краков.

 2 ден.(20.04.) Едно ноќевање со појадок во Краков                     Пристигнување во Краков во утринските часови. Разгледување на кралскиот град, некогашната престолнина на Полска: тврдината Вавел, катедралата, главниот градски плоштад  и Маријачката црква. Сместување во хотел. Ноќевање .

 3 ден.(21.04.) Едно ноќевање со појадок во Киев                                                 Појадок. По појадокот заминување кон Украина-Киев,сместување во хотел во вечерните  часови. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.   

  4 ден.(22.04.) Ноќно возење  Украина-Русија                                                  Ран појадок. Разглед на  Киев со водич. Се упатуваме кон центарот на градот. Пазарот Bessarabsky на плоштадот Bessarabska - главната улица Khreshchatyk. Доаѓаме до главниот плоштад Maidan Nezalezhnosti, каде украинската револуција започна во 2014 година. Споменик на независноста - познатиот хотел Украина ,споменикот на 100 те лица  загинати во протестите  Euromaidan , поранешната зграда на НКВД - Народната банка на Украина,  куќата на Химера - Budynok Uryadu (кабинет на министри), монументална зграда, каде што се состанува  украинскиот политички врв , зградата на украинскиот парламент – прекрасна  палата Mariyinsky  која е официјална резиденција на украинскиот претседател. Прошетка низ Marinyinsky парк со прекрасен поглед на  Днепар , Стадион Valeriy Lobanovsky, Музеј на вода(со доплата) , Конгресната сала.(со доплата) А турнеја завршува во стариот град Podil каде што има многу музеи и ресторани.Слободно време за прошетка  или за посета на еден од многуте барови и клубови. Во вечерните часови заминување кон Русија-Москва. Ноќно возење кон Москва.          

5 ден (23.04.). Две-ноќевање со појадок во Москва                                           Во утринските часови пристигнување  во Москва и разглед на  Московскиот  Кремљ, најстариот дел и на Москва и нејзин политички, духовен и  историски центар, неповторлив по убавина архитектонско-уметнички комплекс. Обиколка на територијата, Успенската црква во која се крунисани сите цареви,  Архангелската црква, Цар ѕвоното, Цар топот и Оружаната палата, ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички драгоцености на московскиот Кремљ се собрани во една збирка од која настанал музејот на Оружаната палата, кој се наоѓа под заштита на Унеско. Слободно време. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности Ноќевање.

6 ден (24.04.) МОСКВА                                                                                          Појадок. По појадокот посета на музејот на космонаутиката, еден од најпосетените музеи во Москва,  со голем број оригинални предмети, опрема и скафандери кои меѓу другите космонаути,ги носеле Јуриј Гагарин и Алексеј Леонов во своите експедиции. Музејот поседува и свемирскисателити, ракети, “мунровер” роботско возило, како и макета на свемирската станица Мир во природна големина која е отворена за разгледување. Слободно време. Ноќевање.

7 ден (25.04.) Две-ноќевање со појадок во Санкт Петербург                           Појадок. По појадокот заминување за Санкт Петербург.Пристигнување и разглед на градот.Разглед  на знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева и некои од многуте канали остава уникатен впечаток и останува во сеќавањата.  Исакиевската соборна црква, најголемата православна црква во Русија, но и една од најубавите градби на Санкт Петербург како според својата надворешност, така и по внатрешните декорации. Официјалното име е Собор на преподобниот  Исак Далматински, а градена е од 1815 до 1858 година, според проектот на архитектот Огист Менферан.  По разглед на градот сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

8 ден. (26.04.) САНКТ ПЕТРБУРГ                                                                                 Појадок. По појадокот се упатуваме на излет во Петерхоф – Рускиот Версај, летната царска резиденција на Петар Велики, изградена во XVIII век по налог на самиот цар, според примерот на Версај. Обиколката опфаќа прошетка низ величествениот парк, разгледување на прочуените фонтани со 250 позлатени скулптури и излез на обалата на Финскиот залив од каде се пружа прекрасен поглед на заливот, Кронштад и Санкт Петербург. Посета на Пушкин-Царското село – летната резиденција на Екатерина Велика, прекрасен дворец и  парк со површина од 34км2. Ентериерот на дворецот фасцинира со сјајот на уметничките предмети од полудраги камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината на основањето на Санкт Петербург, завршена е обновата за славната Килибарна соба, која на Дворецот на Катерина и го врати стариот сјај. Слободни активности. Враќање во хотел .Ноќевање.

9 ден (27.04.) Едно-ноќевање со појадок во Рига                                               Појадок. По појадокот слободни активности до 11:00 часот и заминување кон Латвија-Рига.Ќе го видиме стариот град, на латвиски јазик, исто така познат како Вечрега, кој се наоѓа на десната страна на реката Даугава .Разглед на црквата Св. Петра - Староградски плоштад со градската сала и карактеристичен симбол на Рига, Куќа на црноглавите - Катедрален плоштад со познатата катедрала  (лат.Rigas Doms) и Музејот на уметност "Riga Bourse", која се наоѓа во една интересна зграда  - Шведска порта, единствениот преостанат влез за во стариот град , Три браќа, најстари куќи во Стариот град , Латвиски парламент , Црква на Светиот Спасител - Катедралата Св. Јаков - Црква на Пресвета Богородица - Плоштадот Лива. Денес е ден за да се почувствува атмосферата на Стариот град и да уживате во главниот град на Латвија. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

10 ден (28.04.) Ноќно возење Латвија-Чешка                                                     Појадок. По појадокот разглед на градот и неговите културно-историски знанемитости.Слободно време до вечерните часови.Ноќна возење од Латвија кон Чешка со попатни паузи.

11 ден(29.04.) Едно-ноќевање со појадок во Прага                                           Пристигнување во Прага во препладневните часови и разглед на Прага. Старо место , Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Астронимскиот часовник –Орлој, градската куќа, споменикот  на Јан Хус, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Сместување во хотел. Факултативна посета на ресторан во Прага.Ноќевање.

12 ден (30.04.) Ноќно возење Чешка-Македонија                                              Појадок. По појадокот слободни активности  и заминување кон Виена (време на тргнуање во договор со водичот.)Пристигнување во Виена по пладневните часови и разглед на градот: Кралската палата  Hofburg, замокот Белведере, Базиликата Св.Стефан. Доколку  ни дозволи времето посета на еден од најубавите дворци  Schönbrunn–некогашната летнa резиденција на австроунгарската монархија. Во вечерните часови заминување за Македонија.Ноќно возење со попатни паузи. 

13 ден (01.05.)СКОПЈЕ                                                                                            Пристигнување во Македонија во пладневните часови.               

                             ЦЕНАТА Е КАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 45  ПАТНИЦИ

 

Цена по лице во 1/2 соба

Цена по лице во 1/3 соба

Доплата  за  1/1 соба

Промо цена до       22.02.

525

510 (одреден бој на соби)

160

Регуларна цена по 22.02.

545

530

160

 

  Во цената на аранжманот не е вклучено :

·  Визи за Русија(апликација,пасош,1 фотографија,осигурување)

·    Цена за визи: до 65 години 50 $ , над 65 години не се плаќа*

·  Вечера во ресторан на наведените градови по избор од 20-45 еур- Евентуални надоканда за снимање со фотоапарат и камера

· Влезници према програмата кој се наведени: музеи,катедрали,дворци,цркви паркови,палати итн се доплаќаат на лице место (во зависност од  вашиот избор)

·  Јавен превоз и дополнителни барања

·  Факултативни излети

 

Напомена: За ова патување важат Општите услови на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС и СКТМ. Агенцијата го задржува правото на промена (корекција) на цената и на програмата како и на факултативите кои се вметнати во понудата но се плакаат на лице место, во случај на промена на пазарните цени од страна на туроператорот и од страна на промена на копниот собракај како и отказ во случај на недоволен број на пријавени патници за реализациај на аранжманот. Можност за плаќање во готово,плаќање со картици (еднократно или на рати) или туристички кредит. За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници.

 

НАПОМЕНА:                                                                                                                                                              Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси 130330000371/00 и одговорност за штета (класа 13 одговорност и класа 0/1 незгода) код ЕУРОЛИНГ ОСИГУРУВАЊЕ  АД СКОПЈЕ                        Доколку не се оствари минималниот број на патници -45, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.                                               Можност за уплата за рати во агенција започнвајќи од месец Декември                                        Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на лет према времето на полетување.

Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

 





Услови и начин на плаќањеУслови на патување
Испечати понуда

КЛИКНИ ЗА ЛОКАЦИЈА