Sign in:

  • Macedonian
  • English
  • Russian
  • Albanian
  • Albanian
  • Albanian
►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел ►‪Париз‬, ‪‎Амстердам‬, Прага‬-‪‎Виена‬-‪‎Будимпешта‬, Персија, Кападокија, Истанбул‬, Краков‬,‪ Швајцарија‬, Сараево‬, ‪‎Бел

КУБА


 

К  У  Б  А

17 дена –Хавана,Тринидад  од -1250 евра ( вклучена авио карта,такси,смештај,трансфери )

Поаѓања :

02.11.2018,30.11.2018,03.12.2018,04.01.2019,18.01.2019,25.01.2019,15.02.2019,08.03.2019,05.04.2019, 03.05.2019

 

План и програма на патувањето :

1 ден :Состанок на групата на аеродромот Никола Тесла два саати пред летот. Лет до Хавана со преседнување.                                                                                                                   

2 ден: Пристигнување во Хавана . Трансфер од аеродромот до смештајот. Прв ден во Куба одмараме и се запознаваме со магијата на Карибите. Факултативно идеме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море , лежиме под палмите на белиот песок и слушаме музика  од локалните музичари. Враќање во Хавана. Ноќевање.                                     

 3 ден : Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги разгледувме деловите на Централна Хавана, се упознаваме се со начинот на живот на Кубанците. Пазарот, играње домино на улица, деца кој што сакаат да се сликаат , чиј осмех не можеме да го одбиеме... Идеме до Callejon de Hammel да гледаме (и играме) румба со Афрокубанците. После тоа одиме на разглед на Vedado – нов дел на Хавана и пиеме кафе во хотелот  “Nacional” каде што е сниман Кум. Ноќевање   

   4 ден :  Денеска идеме на разглед на стариот дел на Хавана ,Kapitolio, пет главни плоштади во старата Хавана,улицата Obispo- една од главните шетачки зони, Central Park каде се собираат локалните жители да зборуваат за бејзбол , шеталиштето Prado  главно место на собирање на локалните уметници...Факултативна прошетка низ градот со шарените кабриолети – посета на Плоштадот на револуцијата каде што низ приказна се враќаме во времето на Кубанската револуцијаВечерта се шетаме по Malekonu , шеталиштето покрај морето, се дружиме со Кубанците а можеби понекогаш и да заиграме ! Ноќевање.                                                                       

 5 ден : Факултативен излет –разглед на куќата во која што живеел Ernest Hemingvej . На овој излет ќе добиеете комплетна слика за целокупниот живот на прочуениот писател, ќе дознаете  зашто он решил да го проведе целиот свој живот во околината на Хавана, ќе видите и неговите лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична смрт .По враќањето во Хавана , можеме да го посетиме барот “Floridita” место во кој што овој писател го поминувал своето време и да го пробаме прочуениот коктел daikiri кој што се служи само во овој бар. Потоа слободно време кое може да го користите за да истражите улиците на Стара Хавана . Ноќевање.

6 ден : Факултативен излет –Vinjales , рурален предел на Куба. Ги разгледуваме плантажите со тутун и шеќерните трски , сушарите на тутунот, потоа идеме во куќата на една фамилија која живее во ова село, каде што нашиот домаќин ќе ни покаже на кој начин се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни направи кафе од тазе собраните зрна кафе од околината. После ручекот во локалниот селски ресторан идеме во разглед на Индиската пештера во областа која што е под заштита на UNESCO , затоа што такви карпи постојат само овде и на уште неколку места во светот. Низ пештерата прво малку ќе пешачиме , а потоа ќе се качиме на чамец кој што не вози по реката која што се наоѓа внатре во пештерата и после возењето не изнесува од нејзе. Вечерта враќање во Хавана.Ноќевање.

7 ден : Факултативна посета на Варадеро.Пред да ја посетиме една од најубавите плажи на Карибите идеме во посета на пештерата Saturno во која што ќе имате прилика да се бањате.Подоцна идеме на плажата на Варадеро каде што ќе можете да уживате во белиот песок и кристалното море.Враќање во Хавана. Ноќевање.

8 ден :Слободен ден за уживање на плажата Santa Maria или за посета на музеи во главниот град.Ноќевање.

9 ден :Трансфер до Тринидад ,  мало место кое се наоѓа под заштита на UNESCO , бидејќи сите објекти се сочувани од колонијалниот период. По  разгледот  на градот , вечерта уживаме во звукот на салсата во Casa de la Musica, а потоа одиме во дискотека во пештера и цела вечер играме во ритамот на модерните латино хитови. Ноќевање.

10 ден :  Факултативен излет- јавање на коњи . Вистинска авантура и за оние кој што веќе имаат искуство со јавање на коњи а воедно и за оние кој што прв пат ќе пробаат да јаваат коњи. Јаваме до Националниот парк кој што се наоѓа во близина идеме до водопадите каде што правиме пауза за капење во малото природно езеро , пиеме сок од шеќерна трска , и потоа повторно  јаваме низ преубавите предел до Тринидад. Ноќевање.

11 ден :Факултативен излет – Cayo Iguana  ( островот на игуаните ) . Се возиме со катамаран врз брановите на Карипското море . На островот уживаме на преубавата плажа , пробуваме од нивната паеља  со морски плодови , а за цело тоа време друштво ни прават голем број на игуани , кој слободно се шетаат по островот и се дружат со нас. По целодневното уживање се враќаме во Тринидад . Ноќевање.

12 ден :Факултативен излет- трекинг( планинарење ) по националниот парк. Се возиме со камион кој што е направен за туристички разгледувања до видиковецот на планината Topes de Collantes од кој се гледа цел округ. После паузата продолжуваме кон куќата на кафето , каде што се упознаваме со процесот на производство на кафето и уживаме во пиењето на кафето . Потоа тргнуваме на авантура-пешачење низ шумата , уживаме во преубавата природа , се запознаваме со тропските билки и животни. По некое време стигнуваме до водопади , се капиме во ладната вода а потоа пешачиме назад низ брдо како би ја совладале и таа последна препрека .После напорниот ден се враќаме во Тринидад. Ноќевање.

13 ден : Факултативен излет-Santa Klara и Sienfugos. Тргнуваме рано наутро како би се запознале со уште два града на Куба . Еден од нив е  Santa Klara , значаен е како место каде што се завршила кубанската револуција  и затоа овде го разгледуваме Меморијалниот комплекс кој е посветен на Че Гевара , неговиот гроб и музеј кој содржи доста негови лични предмети. По разгледот на градот се упатуваме кон градот Sienfugos , единствен град кој е изграден во француски стил . Го разгледуваме градот , се шетаме низ Булеварот- главно шеталиште , го разгледуваме главниот плоштад со триумфалната капија  ( единствена на Куба ) , се возиме покрај Punta Gorde , елитна населба покрај обалата на морето , ја разгледуваме палатата  Valje , преубава палата која била коцкарница во времето на Батиста ...  Враќање во Тринидад. Ноќевање.

14 ден :Последен ден за одмор на плажата Анкон , една од најубавите плажи на Карипското море . Уживање во заоѓањето на сонцето испивајќи мохито... Последна вечер за танц со Кубанците на скалите на  Casa de la Musica. Ноќевање.

15 ден :Напуштање на смештајот и враќање за Хавана . Слободно време за попладнев шопинг на сувенири , шетање по Хавана или  уживање на некој од плоштадите во звукот на кубанската музика во позадина. Последна ноќ на Куба , се разделуваме од новите пријатели , прилика за да ги утврдите вашите салса покрети! Ноќевање.

16 ден :Трансфер до аеродром. Лет до Београд со преседнување.

17ден :Пристигнување во Београд . Се враќаме од ова неверојатно патување , слушајќи ги во глава звуците на регетон , а нозете сами ни играат во ритамот на салсата. Крај на патувањето.

 

* Во ретки случаеви можно е померување на датумот ( ден –два) во однос на  планираните поаѓања. По потврдените групи , се потврдува и датумот на поаѓање и враќање .

                    Цена на аранжманот:

 

Термин 

02.11.2018.

30.11.2018.

03.12.2018.

04.01.2019.

18.01.2019.

Промо цена *

1250 €

1250 €

1290 €

1250 €

1350 €

First minute цена

1290 €

1290 €

1350 €

1350 €

1390 €

Регуларна цена

1390 €

1390 €

1450 €

1450 €

1490 €

 

Термин 

25.01.2019.

15.02.2019.

08.03.2019.

05.04.2019.

03.05.2019.

Промо цена  *

1350 €

1290 €

1290 €

1290 €

1290 €

First minute цена

1390 €

1350 €

1350 €

1350 €

1350 €

Регуларна цена

1490 €

1450 €

1450 €

1450 €

1450 €

* Промо цена важи за првите 6 пријавени патници по термин. 

* First minute  цени важат за пријави до 3 месеци пред пат . После тоа важат регуларните цени.

Пријавување:Препорачуваме рано пријавување, бидејќи бројот на места е ограничен.Со самото пријавување, потребно е да се достави скенираната првата страница на пасошот, во спротивно агенцијата нема да биде одговорна за печатење на авио билети со погрешно име. Документите за виза мора да се поднесат најдоцна еден месец пред почетокот на  патувањето. Ако патниците не ги достават документите за виза во определениот рок, тие се обврзани да обезбедат визи за патување. Доколку самите патници сами ги вадат визите од нив се бара да испратат копија од визата најдоцна до 15 дена пред патувањето.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

* Авионска карта на релација Београд-Хавана –Београд со сите такси

*Трансфер од аеродром до сместувањето во Хавана и од сместивањето до аеродромот

*Трансфер помеѓу градовите спрема планот и програмата на релација Хавана-Тринидад-Хавана

* Смештај во Casa Particulares на база 8 ноќевања во Хавана  ( двокреветни и трокреветни соби)

* Смештај во Casa Particulares на база 8 ноќевања во Тринидад  ( двокреветни и трокреветни соби)

* Комплетна организација и водење на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

* Меѓународно здраствено осигурување

*Доплата од 15 евра за резервација во хотел

* Факултативни разгледи и излети , влезници за локалитетите и културно – историските споменици

* Индивидуални трошоци за време на патувањето 

 

Напомени во врска со патувањето

* Ко -организатор на патувањето е Т. А. Камелија со број на Лиценца А и со регистерски број 13-6271/2;  а во соработка со партнерска агенција.

*Со самото пријавуање треба да се достави копија од пасош со кој патникот ќе патува  и да се провери траењето  и исправноста на пасошот и бројот на слободни страници кој се потребни за патување

*Пасошот мора да има рок на важност до минимум 180 дена(6 месеци) од денот на враќање

* Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на некои од содржините во       Програмата.

* Организаторот на патувањето не е овластен и не сноси одговорност во врска со важноста на пасошот и  другите документи.

* За сите информаци дадени по усмен пат агенцијата не сноси одговорност.

* Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата која патува должен/на е да ги запознае сите патници на патувањето со договорениот програм на патување, условите за плаќање и визирање како и Општите услови за патување на ТА Камелија.

* Патниците се должни да 2 дена пред тргнување се информираат за времето и местото на тргнување.

* Патникот е должен да сам се информира околу правилата на однесување во земјата во која патува како и да ги почитува важечките законски царински прописи.

* Во превозните средства најстрого се забранува пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства

* Патникот кој со своето непристојно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачот или пратителот на групата во нивната работа – веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му биде префрлена без право на жалба и повраток на парични средства.

* Патникот е должен да ја почитува саатнината на тргнување одредена од страна на претставникот на патувањето, а во спротивно претставникот на агенцијата има право да го исклучи од патувањето

* Во туристичките автобуси не е овозможено користење на тоалет; во согласност со планот и програмата паузи се прават на 3-4 часа (согласно локацијата и опременоста на бензинските пумпи) а кој патниците можат да ги искористат за користење на тоалет.

* Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото и времето на поаѓање, местата и времетраење на паузите; уплатата на превозот, патникот ги прифаќа сите погоренаведени услови без право на приговор и жалба.

* Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за европските патувања и 50 патници за европските патувања.

* Во случај на недоволен број патници или други објективни околности, организаторот ги информира патниците за отказ на аранжманот пред датумот на поаѓање и тоа најдоцна 10 дена за Далечните патувања односно најдоца 5 дена за Европските патувања.

* Кај аранжманите со авионски превоз, по купувањето на авионската карта не е возможна рефундација на средствата и во тој случај важат условите на авионската компанија.

* Кај аранжманите кои вклучуваат Low Cost-авикомпании – во случај на одложување на летот, отказ или губење на конекција, патниците се должни сами да ги доплатат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околности кои се надвор од нејзиниот домен на работа.

* Цените од Low Cost-Аранжманите се подложни на промени, по уплата на авансот се проверуваат тарифите и тогаш на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

* Агенцијата не сноси одговорност за промените на авионските конекции од страна на авиокомпанијата.

* Саатнината на летовите во планот и програмата добиени од страна на агенцијата се подложни на промени и зависат исклучиво од авикомпанијата.

* Агенцијата го задржува правото на избор на превозни средтства за трансфери и извршува сместување доколку е тоа физички возможно.

* Организаторто на патувањето го задржува правото на корекција на договорената цена пред почетокот на патувањето, но во случај да се смени курсот, смена на валута или промена на тарифата на превозникот во законите на предвидените случаи.

* Доколку некои патници сами одлучат да ја сменат понудата на Програмата – агенцијата нема одговорност да во текот на патувањето обезбеди трансфер за сместување во хотели.

*За сите факултативни излети кој се наведени во програмата задолжително е патниците да се изјаснат со самото пријавуање во агенција

* За овој аранжман патникот се запознал со Општите услови за патување на СКТМ и КАМЕЛИЈА ТУРС

*Поради почитувањето на временските рокови предвидени со програмата за патување, како и почитувањето на времето на другите патници од групата, не постои можност за престој на границата што излегува од Европската унија, за да се потврди данокот и враќањето на данокот од Европската унија (TAX FREE)

*Препорачуваме да пазите на вашите лични документи и пари

*Малолетни лица мораат да имаат заверена согласност од своите родители

* Организаторот на патувањето го задржува правото на распоред на собите во врска со структурата на самиот хотел. Доколку постои можност агенцијата ќе се потруди да излезе во пресрет на желбите на патникот-доколку дозволува хотелот (Ве молиме за разбирањето, бидејќи ова патување е замислено како добра забава за Вас и добра авантура).

* Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачките капацитети, да сам сноси одговорност во врска со хигиената, во спротивно ќе подлежи на санкции од персоналот.

* Сместувачките капацитети вршат сместување на патниците во капацитетите по тип на соба во зависност од расположливите капацитети во моментот. Агенцијата не е во можност да на патникот му потврди дали креветот ке биде TWIN  (раздвоени) или Double (француско легло)како и по катовите во капацитетот. Патникот го уплатил аранжманот-согласен на споменатите детали и услови на патувањето без право на жалба.

* Агенцијата нема одговорност доколку патникот има здравствени проблеми-тогаш патникот е сам одговорен за своето здравје и има одговорност да има свое осигурување.

 

        Напомени во врска со факултативните излети

* Факултативните излети не се задолжителни за време на патувањето.

* Термините и цените се променливи и зависат од слободните термини од локалитетите, број на пријавени патници...

* Факултативните излети се организираат од страна на локална агенција, а Камелија Турс не е во можност да влијае на работите кои се предмет на самото реализирање на факултативниот излет.

* Факултативните излети најчесто ги водат локалните водичи на самите локалитети на англиски јазик. Уплатата на излетите ја прифаќа патникот заедно со условите на локалната агенција без право на жалба.

* Агенцијата не може да влијае на должината на траењето на патувањето до локалитетите, време на поаѓање и враќање, како ни на стручноста на локалниот Водич.

*При уплаќање на факултативниот излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција.Сите последователни промени, измени и откажувања на екскурзијата по плаќањето не се можни, и не е возможна рефундација на истите.

*Ги замолуваме сите патници да се запознаат со планираната програма и условите на изборната екскурзија пред да  платат за некој факултативен излет.     

Напомена во врска со визите:

* Патниците се обврзани да се запознат со визниот режим на државата во која патуваат.

 * Некои од Амбасадите бараат лично присуство на патникот или во текот на визирањето; патникот е должен да ги испочитува правилата на амбасатата.

* Патниците се должни да документите за визирање ги досатват најдоцна до еден месец пред патувањето. Доколку не ги достават во превидениот рок-должни се да сами си обезбедат виза за патувањето.

* Агенцијата не гарантира добивање на виза и  не е овластена да ги утврди валидните документи.

* Во случај на недобивање на виза-агенцијата не сноси одговорност.

 

 Опис на сместување :

Casa Particularesво Куба е сместувачки капацитет во сопственост на кубанските семејства. Таа е наменета за туристи чија удобност не е во преден план и кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни. Најчесто, две двокреветни соби делат бања.Сместувањето се наоѓа во центарот на градовите кои ги посетуваат. Услугата е на база  ноќевање.

 

НАПОМЕНА:

Аранжманот е направен за low cost budget со цел да биде достапен за сите генерации!

 

Секоја странка треба да биде запозната со условите на програмот при уплата 

 

 





Услови и начин на плаќањеУслови на патување
Испечати понуда

КЛИКНИ ЗА ЛОКАЦИЈА