За Нас

                                       Камелија Tурс-Тур Оператор

  Секоја туристичка агенција е и огледало на нашата земја

 Можеме успешно и долгорочно да ги нудиме и пласираме туристичките вредности, што во голем број ги поседува Македонија, заради кои и дома, но и надвор ја нарекуваат „бисерот на Балканот“ – вели Ивона Mилосављевич, сопственик и менаџер на туристичката агенција  „Камелија турс“Тур Оператор од Скопје

Туристичката агенција „Камелија турс“, е една од првите кај нас, регистрирана како туроператор уште во 1989 година, односно во времето на поранешна Југославија.Семејна фирма со долгогодишно искуство во туризмот. Како приватна туристичка агенција „Камелија турс“ го добива веќе наредната 1990 година, од кога започнува и нејзиниот поход во освојување на домашните и на туристичките дестинации во светот.Освојува пазар со повеке дестинации од тогашен и аспект своевидна авантура, оваа сега современа агенција вклучува туристички работници со повеќегодишно искуство на полето на туризмот и тоа туризмолози,  референти за сообраќај како и едуцирани и искусни пратители и водичи. Станува збор за тим, кој постојано се грижи да ги задоволи различните вкусови и потреби на туристите, со ангажирање притоа на квалитетен туристички сервис.Поседува свој возен парк, автобуси, минибус-и,коли, рента кар.  И сето тоа со полно почитување на нашата максима   „Патувајте и негувајте ја традицијата“, која е водилка во нашето работење, бидејќи лицето на секоја агенција е и огледало на нашата земја.
Подемот на аганцијата зема замав 1995 година, кога „Камелија турс“ за првпат има свој сопствен закуп на туристи од Македонија во странство, под назнаката културен туризам. И токму тоа и помага постепено да напредува и да се развива во модерна туристичка агенција, која со текот на времето е носител на А лиценца, станува членка на Стопанската комора за туризам на Македонија и воедно член на Управен одбор,член на ЕТОА,член на Сропанска комора на енергетика,член на ЦЕО како и добивано повеке сертификати и лиценци за незиното работење.


Со постигнување на одредени развојни услови, агенцијата и денес работи со сегментот на  културен туризам во текот на годината и нуди квалитетни домашни понуди за странски туристи. Притоа, според интересирањето што го покажуваат кај нас, актуелни туристички дестинаци за македонските граѓани се блискиот балкански регион, со нагласен интерес за планинскиот, бањскиот и секако секогаш актуелниот летен, годишноодморски туризам. Но, нашите размислувања се поактуелни во последните години за привлекување на туристи, гости, кои ќе ја посетат во што поголем број нашата држава, што би било двостран бенефит и за нашето привлекување странски туристи и за Македонија-која е дел од Балканскиот регион со многу културно - историски знаменитости и во тој дел има што да им покаже на сите свои посетители. 
Поаѓајќи од овие свои размислувања, кои ги трансформираат во оперативни планови и програми,  врз основа на кои потоа дејствуваат во своето секојдневно работење, во „Камелија турс“ веќе се преземаат конкретни чекори за нивна реализација. Тоа е видливо и ако се прелиста каталогот на агенцијата 2015,2016 па се до 2024 каде ќе се забележи дека на домашните туристи се повеќе им се нудат не само евро-медитеранските земји, туку и некои прекуокеански дестинации, а од пред извесно време и досега помалку или повеќе запоставени блискоисточни туристички пазари.


Како стопанственик во туристичката бизнис заедница кој мора да води сметка и активно да дејствува во насока на идниот развој на туризмот, влегуваме во партнерско работење со странски туристички организации и компании и во освојување на нови туристички пазари. Со промоција на свои маркетинг програми го освојувамепазарот и понатаму во повеќе дестинации:

Србија,Европа,Индија,Русија,Египет,Турција,Англија,УСА,Австралија,Кина тоа резултираше со добри партнерски комуникации и взаемни договори со некои поголеми туристички агенции како наши партнери. Уште еднаш ќе им ги покажеме и понудиме нашите туристички вредности и ќе се презентираат заеднички програми за туристи во Македонија. Наша визија: 

Нераскинлива е алката во туризмот:

агенција – хотел,  како и тоа дека сите заедно во таа алка сме чинители на туризмот. Затоа нашето размислување во иднина на домашниот пазар агенцијата да изгради хотел со визија и понатаму да ја оствари целта на квалитетен туризам. Со нашата визија ке ги осознаваме сопствените туристички вредности од минатото па се до денес, со цел да креираме и дефинираме идни развојни проекти и цели.Со задоволство можем да потенцирам имаме млади кадри каде на чело на фирмаата во секторот на дојдовен туризам е носител Мартин Јакимовски кој јас презима улогата за формирање на нови млади сили вече бо 2021 год  Сметаме дека само така ќе можеме успешно и долгорочно да ги нудиме и пласираме туристичките вредности, што во голем број ги поседува Македонија заради кои и дома, но и надвор ја нарекуваат „Бисерот на Балканот” 

ТИМ КОЈ ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКА СО НАСМЕВКА НА ЛИЦЕ –
НЕВОЗМОЖНОТО ПОСТАНУВА ВОЗМОЖНО
ПАТУВАЈТЕ И НЕГУВАЈТЕ ЈА ТРАДИЦИЈАТА

СО КАМЕЛИЈА ТУРС-ТУР ОПЕРАТОР

 

 

Pin It on Pinterest