Политика на приватност

Политика на приватност

ТА Камелија Турс го задржува правото да прибави одредени лични информации од интернет со цел во целост да ги исполни и задоволни потребите на своите потенцијални патници. Сето тоа ќе биде во согласност со правилата на приватност и заштита на личните податоци на патниците.

 

Општо

ТА Камелија Турс со голема сериозност постапува со Политиката на приватност за личните податоци на патниците.Политиката е така осмислена да благовремено ги информира потенцијалните патници при прибавување, користење и разоткривање на нивните податоци. Доколку ја користите нашата веб-страна-тоа значи дека се согласувате да се  прибавуваат, користат и разоткриваат Ваши лични податоци во согласност со Политиката за приватност и сте согласни со нејзиниот обврзувачки карактер.

 

Како ги прибираме податоците

Станува збор за информации/податоци кои лично Ве идентификуваат и тоа:

-Вашите одговори на наши прашалници-анкети

- Податоци за Вашите посети на нашиот сајт (за кои сте покажале одреден интерес)

- Информации кои ни ги давате како одредени проблеми при посетата на веб-сајтот.

Информациите би ги имале само доколку Вие одлучите да ни ги дадете. Во ниеден случај не сте обврзани за тоа, ниту пак тоа би Ви попречило во користењето на нашиот веб-сајт.

Користење на податоците:

Прибавените информации за Вас би ги користеле на следниот начин:

·  Би обезбедиле нашата веб-страна да биде објавена најефикасен начин за пребарување во согласност со Вашите потреби;

·  Како вид на помош при унапредувањето на сајтот;

·  За регулирање на сите права и обврски кои би настанале соработката помеѓу нас;

·  Да бидете информирани околу сите новонастанати измени/услуги на сајтот (освен ако не сте посебно нагласиле да не бидете);

·  Како анализа за пребарувањата на нашиот сајт од страна на неговите посетители;

·  Вашите податоци нема да бидат предадени на трети лица или злоупотребени за маркетинг или друг вид на цели;

 

Размена на податоци

Ниту еден доставен податок преку сајтот нема да биде разоткриен на трети лица освен во следните случаеви:

·  Со цел реализација на нашите услуги како дел од постапката при резервација-податоците ќе треба да се дадат на трети лица кои учествуваат во давањето на услугата;

·  Ако сме должни да ги откриеме Вашите податоци со цел исполнување на некоја законска обврска (за добивање судски налог, или со цел спречување на некој криминал или измама);

·  Вашите податоци можат да бидат пренесени на трети лица и во случај на целосно или делумно продавање на нашата компанија на трети лица или при реорганизација, но во тој случајќе ги превземеме сите мерки околу заштитата на Вашите права на приватност;

·  Согласно на се погореневедено, Вашите права на приватност нема да бидат разоткриени освен ако Вие за тоа претходно не ни дадете дозвола.

 

Колачиња

Претставува текстуална датотека која интернетот ја создава на Вашиот компјутер и содржи информации за вашите активности на интернет. Овие информации не содржат лични податоци кои ги доставувате на нашиот сајт.

Со помош на колачињата, ние добиваме информации за Вашите интереси и пребарувања на нашиот сајт, а овозможува и Ваше логирање на некои online-услуги на сајтот. Така во исто време Вам Ви помага околу полесно користње на сајтот, а нам да Ви понудиме подобра услуга. Штом го исклучите пребарувачот-и нам ни престанува машиот пристап на колачето.Исто така Вие имате и можност да го одбиете користењето на колачето.

Поголем број на пребарувачи автоматски ги прифаќаат колачињата, но доколку не ги сакате-можете во поставките тоа и да го промените и да дадете насоки на пребарувачот веднаш да ги блокира.

За да ги користиме колачињта потребна ни е Ваша согласност на самиот почеток на пребарувањето низ сајтот. Доколку продолжите, заклучуваме дека го прифаќате погоренаведеното околу користењето на колачињата.

Но доколку не ги прифатите колачињата, тоа нема да влијае наквалитетот на Вашиот пристап на сајтот. Може само да дојде до недостапност на некои услуги или одредена нефункционалност на сајтот

 

Пристап до личните податоци и нивна промена

Ќе ги превземеме сите неопходни законски чекори со цел да ажурираме или поправиме лични податоци кои досега ги поседуваме, а кои сте ги доставиле преку сајтот.

Законот Ви дава одредени права над личните податоци. Вашето право на пристап се одредува во согласност со Законот. Доколку сакате да имате инфо околу податоците кои ние ги имаме за Вас, можете слободно да не контактирате преку нашите контакт телефони. Ние ги имаме превземено сите неопходни чекори околку заштитата на Вашите податоци при пренос од компјутерот до нашиот сајт, заштита од губење, злоупотреба или неовластен пристап, откривање, промена или уништување. За нивно сочувувањение користиме најсовремени технологии и софтвер за сочувување податоци, а применуваме и строги безбедносни стандарди за спречување на неовластен пристап до истите. Ако користите лозинка, корисничко име или други посебни мерки на претпазливост на нашиот сајт – лично сте одговорни за сите понатамошни чекори околу нив.

 

Други интернет сајтови

На нашиот сајт ќе забележите и други сајтови на наши осработици, но не заборавајте дека политиката за приватност не важи и за нивна посета.Ние неможеме да одговараме за политиката на приватност за сајтови за кои не сме надлежни, дури и ако пристапуват епреку нашиот сајт. Препорачуваме внимателно да ја прочитате содржината околу тоа на секој сајт поединечно, односно да ги контактирате веднаш ако имате било која недоумица или прашање.

 

Пренос на Ваши податоци надвор од Европа

Како составен дел од нашите туристички услуги се подразбира и пренос и чување на податоците во земји надвор од ЕУ. Податоцит е можат да се разменат и со други исти или слични национални тела низ целиот свет и тие може да немаат исти или слични закони за заштита на лични податоци. Во тој случај Ве уверураме дека ќе ги превземеме сите безбедносни мерки и чекори за заштита на Вашите права согласно Политиката за приватност –погоре наведена. Кога ни ги доставувате личните податоци, согласни сте со тоа да истите се пренесуваат или обработуваат надвор од ЕУ на погоре наведениот начин.

 

Известување околу измената на нашата Политика на приватност

Сите информации во врска со некои измени на нашата Политика на приватност-ќе бидат поставени на нашиот сајт како би можеле во секое време да бидете информирани околу информациите кои ги прибавуваме, како ги користиме или пак (ако има потреба) ги разменуваме со други страни или земји.

Pin It on Pinterest